Економскиот факултет – Скопје стана полноправен член на EFMD Global

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје стана полноправен академски член на EFMD Global, една од водечките меѓународни мрежи на високообразовни институции, деловни школи и организации од областа на менаџмент-образованието.

Членството на Факултетот беше официјално потврдено на редовната годишна седница на Собранието на EFMD, одржана на 8 јуни 2026 година во Севиља, Шпанија.Во официјалната објава на EFMD Global, Економскиот факултет – Скопје е претставен меѓу новите полноправни академски членови на мрежата.

EFMD обединува речиси 1.000 организации од повеќе од 90 земји и овозможува пристап до меѓународни заедници за размена на знаења, програми за развој на академскиот кадар, истражувачки партнерства, настани и процеси за унапредување на квалитетот.

Ова членство претставува значаен чекор во понатамошната интернационализација на Економскиот факултет – Скопје и создава нови можности за соработка, професионален развој и примена на меѓународните добри практики во образованието и истражувањето.

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.