Кариерно вмрежување на Економски факултет – Скопје

Во текот на вчерашниот ден се одржа настанот КАРИЕРНО ВМРЕЖУВАЊЕ во организација на Економски факултет-Скопје и Факултетското студентско собрание. Настанот со свое обраќање го отвори Деканот, проф. д-р Предраг Трпески, а обраќање имаа и проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска, координатор за општествени науки во Центарот за кариера на УКИМ, како и Александар Николовски, претседател на Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје.

На настанот учествуваа повеќе компании од бизнис заедницата, како и од јавниот сектор во земјата и тоа: Народна Банка на Република Северна Македонија, Министерство за финансии, Организација на работодавачи на Македонија, Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка, Уни банка, ПроКредит банка, Телеком, Инбокс, Коордеа, Триглав живот и  ВФП Фонд Менаџмент.

Студентите имаа можност да ги посетат штандовите на компаниите, како и да присуствуваат на две работилници на тема:

  • Успешни приказни за водење на бизнис и претставување на можностите за работа и пракса во самата компанија;
  • Како правилното менаџирање на финансиите влијае врз личниот и економскиот развој.
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.