Студиската програма по меѓународна трговија на прв циклус студии на Економскиот факултет-Скопје првпат е воведена со наставниот план од 1998/99 година како студиска програма по надворешна трговија. Таа е резултат на настојувањето да им се понуди на студентите современа студиска програма, усогласена со структурата на сличните програми на универзитетите во развиените земји. Наставниот кадар на Економскиот факултет ја согледа потребата на стопанството и на јавниот сектор во Република Македонија во пост-транзицискиот период да им се понуди школуван кадар кој ќе ги има усвоено современите принципи на управување со компаниите, процесите, човечките ресурси и останатите компоненти на деловните системи.
Главната цел на студиската програма по меѓународна трговија е создавање високообразован, способен и компетентен кадар кој ќе се стекне со севкупни познавања за функционирањето на меѓународната економија, процесите на регионалното економско интегрирање и вклучувањето на домашните компании во глобалните синџири на вредноста и глобалните синџири на снабдување. Дипломираниот економист на студиската програма по меѓународна трговија има продлабочени теоретски знаења од областа на меѓународната економија и меѓународната трговија и поседува специфични вештини за нивна практична примена. Преку наставата, вежбите, проектните задачи, од понудената литература и софтверот наменет за поддршка на наставата, студентите на оваа програма ќе се стекнат со следните генерички (општи) компетенции:
Дипломираниот економист на студиската програма по меѓународна трговија се оспособува за креирање на макроекономските политики во областа на надворешнотрговскиот и девизниот систем и за нивна практична имплементација. При тоа, студентите ќе се стекнат и со следниве специфични компетенции:
Периодот од воведувањето на студиската програма до денес целосно ја потврди нејзината оправданост. Тоа се покажува како во поглед на нејзината прифатеност меѓу потенцијалните студенти, така и во поглед на стручната оспособеност на дипломираните студенти, кои успешно се вклучуваат во процесите на работа во компаниите и институциите каде што го наоѓаат своето вработување, а дел од нив успешно го продолжуваат и своето школување на студите од втор и трет циклус. Од своја страна, наставниот кадар вклучен во студиската програма во континуитет врши обновување на предметните програми, ги осовременува применетите наставни методи, обезбедува квалитетна и современа литература за поддршка на наставата и вложува зголемени напори во научната работа, чиишто резултати наоѓаат примена и во збогатувањето на самите наставни процеси.
Студиската програма се состои од 23 задолжителни предмети (72% од вкупниот број), додека девет предмети студентите слободно ги избираат од предметите што се изучуваат на Економскиот факултет (28%). На тој начин е создадено јадро од наставни дисциплини за кои се смета дека го формираат профилот на дипломиран економист на студиската програма по меѓународна трговија, додека со останатите предмети студентот добива можност да се дооформи во насоката што ја посакува, односно за која смета дека најмногу би му одговарала во процесот на неговиот професионален развој. Сите предмети носат по 7,5 ЕКТС кредити и студентите имаат можност да реализираат меѓународна мобилност преку вклучување во некоја од постоечките програми за оваа намена. Секоја година одреден број студенти ја искористуваат оваа можност и остваруваат престој од најмалку еден семестар на некоја високообразовна институција во странство.
Студиската програма по меѓународна трговија ги оспособува дипломираните економисти да поседуваат специфични знаења и компетенции со кои можат успешно да ги извршуваат работните обврски на повеќе работни места. Дипломираните економисти на студиската програма по меѓународна трговија ќе бидат соодветни да се вработуваат во разни компании од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции. Со цел да се излезе во пресрет на потребите на пазарот на работната сила, при изработката на новата наставна програма по меѓународна трговија, се направија повеќе разговори со вработени професионалци во државни институции и во приватниот сектор за специфичните знаења и компетенции што се потребни на вработените во областа на меѓународната економија и меѓународната трговија. Оттаму, дипломираните студенти на студиската програма по меѓународна трговија ќе може да се вработуваат во:
Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија има продлабочени теоретски знаења од областа на надворешната трговија и поседува специфични вештини за нивна практична примена.
Специфични компетенции:
Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија се оспособува за креирање на макроекономските политики во областа на надворешнотрговскиот и девизниот систем и за нивна практична имплементација. Притоа, тој поседува знаења за потребата од усогласување на националните политики од областа со правилата на мултилатералниот трговски систем, од една страна, и со правилата на Европската унија од друга страна. Исто така, стекнува теоретски знаења за спроведување на 11 макроекономска анализа од аспект на билансот на плаќањата, утврдување на изворите на нерамнотежа во него и спецификите на расположливиот инструментариум за негово повторно враќање во рамнотежа. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат во државните институции – ресорните министерства и агенции, Народната банка на Република Македонија, Царинската управа на Р. Македонија, но и во компаниите од приватниот сектор – претпријатијата регистрирани за надворешнотрговско работење, шпедитерските, транспортните претпријатија и осигурителните куќи и во овластените банки за платен промет.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
1) Знаење и разбирање
2) Примена на знаењето и разбирањето
3) Способност за проценка
4) Комуникациски вештини
5) Вештини на учење
Прва година задолжителни предмети | ||||
Ред. Бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
4 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 |
Летен семестар | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
6 | INT 220 | Меѓународни организации и интеграции | 6+0 | 8 |
7 | MKT 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
8 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
9 | INT 210 | Меѓународна економија | 6+0 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
10 | INT 310 | Европски економски интеграции | 6+0 | 8 |
11 | INT 340 | Надворешна трговија | 6+0 | 8 |
12 | FIN 230 | Јавни финансии | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
13 | INT 320 | Единствен пазар на ЕУ | 6+0 | 8 |
14 | INT 330 | Мултилатерален трговски систем | 6+0 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
15 | INT 410 | Меѓународни трговски трансакции | 6+0 | 8 |
16 | FIN 310 | Меѓународни финансии | 6+0 | 8 |
17 | INT 430 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
18 | INT 420 | Мултилатерална трговска регулатива | 6+0 | 8 |
19 | МКТ 420 | Меѓународен маркетинг | 4+2 | 8 |
Дипломска работа | 3 |
Наставен план 2008/2009
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот надворешна трговија може да се симне од следниов ЛИНК
Наставен план 2012/2013
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот надворешна трговија може да го видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани