Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Европски економски студии е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на европските економски студии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Република Северна Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Нашата земја има обврска да ги исполни Копенхагеншките критериуми, што вклучуваат постоење и функционирање на пазарна економија што треба да се справи со притисокот на пазарот и правилата на европската економија, односно да биде во можност да се справи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили внатре во Унијата. Дополнително, секоја земја кандидат треба да биде способна да создаде услови за приспособување на националната административна структура кон механизмите што функционираат во јавната администрација на ЕУ. Оттука, процесот на европска интеграција е тежок и проследен со големи реформи поврзани со целото општество, не само со реформи на јавните или државните институции. Сите реформи, поддржани во претпристапниот период, се проследени со соодветна претпристапна помош и фондови од ЕУ.
Отпочнувањето на процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Северна Македонија ќе значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции кон функционирањето на институциите на Унијата. Преговорите, како обемен потфат кој се одвива со брза динамика, наложуваат целосна подготвеност на државните органи и институции и на структурите воспоставени за координација и подготовки пред започнувањето на самите преговори.
Знаења, способности и вештини што ги нуди студиската програма Европски економски студии се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон приближување на стапките на економски раст на европските економии. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.
Студиската програма по Европски економски студии е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на Меѓународни економски односи. По завршувањето на студиите од вториот циклус по Европски економски студии, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат: разбирање на процесите на регионално интегрирање, анализа и разбирање на заедничките политики на Европската унија, способност за проценка на потребните реформски чекори во земјата за стекнување на статусот полноправна членка на ЕУ како и способност за препознавање на можностите за подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.
Целината на знаења што ја нуди студиската програма по Европски економски студии ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор и во приватниот деловен сектор. Во јавниот сектор: Владата на Република Северна Македонија (Секретаријатот за европски прашања); одделните сектори задолжени за процесот на економска интеграција во сите одделни министерства: финансии, економија, социјална политика, екологија; централната банка (НБРСМ), и др. Во приватниот сектор: банки и други финансиски институции, приватни трговски друштва од различни сектори; високо-образовни и научно- истражувачки институции, невладини организации.
Според кадровската профилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на Европската унија; монетарната и фискалната политика и нивната координација; правото на ЕУ и институциите на ЕУ заради потребата од хармонизација на националната регулатива и практика на Република Македонија со европските стандарди; политиките на пазарот на трудот и социјалните политики во ЕУ, политиките на заштита на конкуренцијата на ЕУ, економските ефекти на процесите на дигитализација, политиките на заштита на животната средина на ЕУ и нивното усогласување со домашното законодавство.
Код | Назив на наставниотпредмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
ПРВ СЕМЕСТАР | П | К | |||
EUS 512 | Европски економски интеграции | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 514 | Право и институции на ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 515 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
Се бира еден предмет: | |||||
Изборен предмет од Економски факултет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет од Економски факултет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
ВТОР СЕМЕСТАР | П | К | |||
EUS 518 | Кохезиона политика на ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |
Се бираат два предмети: | |||||
Изборен предмет од Економски факултет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет од Економски факултет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет од Економски факултет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет од Економски факултет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Mагистерски труд | 18 |
Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | К | ||||
EUS 511 | Политика за заштита на конкуренцијата во ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS520 | Странските директни инвестициии глобалните синџири на вредноста | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 516 | Внатрешен пазар на ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 517 | Европско бизнис опкружување | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 513 | Регионални трговски договори и СТО | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 519 | Политики и програми на дигитализација во ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани