EIT Digital – информација

 

На наше големо задоволство на 19.02.2020 година на Економскиот Факултет – Скопје, УКИМ во соработка со EIT Digital се одржа кратко предавање за напредни технологии за човечки ресурси (HR technologies) и основање на старт-ап компании за идните студенти кои планираат да си отворат свој бизнис.

Гостин предавач беше претставникот на EIT Digital за земјите од Централно-Источна Европа, г-а Јасмина Поповска која е одговорна и за програмата за стартапи на EIT Digital за Западен Балкан и Централна Европа.

Ова беше одлична можност за сите студенти и професори да се запознаат со напредните програми на EIT Digital и дополнително да се мотивираат да ги применат во својата работа со цел поголем раст и развој на интернационално ниво.

Презентацијата од предавањето е достапна на EIT DIGITAL ECCF

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.