УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ за академската 2020/2021 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува Конкурс за доделување стипендии за студенти студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

1.   Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • најмалку една препорака;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока најдоцна до 5 октомври 2020. *(Еден примерок за досието на студентот во Центарот за кариера при Економскиот факултет-Скопје, еден примерок задржува студентот и  еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

 

Информација за студентите на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ

Студентите на Економскиот факултет-Скопје ги поднесуваат документите до Центарот за кариера при Економскиот факултет – Скопје  (кој е во тесна соработка со Еразмус+ координаторот на факултетот кој ги потпишува документите).

 

Детали за интерната процедурата на Економскиот факултет-Скопје за подготовка на апликацијата за Еразмус+ индивидуалната мобилност на студенти на следниот  линк:

https://eccf.ukim.edu.mk/меѓународна-соработка/академска-размена/размена-на-студенти/

 

Контакт лице за подетални информации:

 

м-р Маријана Цветковска

Советник за меѓународна соработка и раководител на Центарот за кариера при Економскиот факултет-Скопје, УКИМ

e-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

Телефон: 02/3286-835

(секој работен ден од 08-16.00 часот)

Напомена: Со оглед на COVID 19 состојбата, препорачуваме контактот да се одвива по електронски пат преку e-mail или на телефон).

 

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 12 октомври 2020.

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.