fbpx

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГОДИШНА НАГРАДА НА КХВ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА НАЈДОБАР ТРУД ОД ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија објави Конкурс за доделување на Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на пазарот на капиталкој може да се најде нa веб страницата https://www.sec.gov.mk/Vesti-govori-intervjua/Konkurs-za-dodeluvanje-Godishna-nagrada-na-KKhV-za-mladi-istrazhuvachi-za-najdobar-trud-od-oblasta-na-pazarot-na-kapital . 

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија како самостојно и регулаторно тело во континуитет вложува особени напори за реализација на активности кои придонесуваат за развој на пазарот на хартии од вредност, и во таа насока ја идентификува и научноистражувачката дејност, преку која очекува да го зголеми интересот за истражување во оваа област, како и да ја охрабри младата популација (студентите) да даде придонес во овој процес.

Ова е трета година откако КХВ објавува Конкурс со надеж дека и покрај пандемските услови и ,,новата реалност“ со помош на Факултетот ќе успее да добие квалитетни материјали од кои ќе се изберат трите наградени трудови.

Сите заинтересирани студенти се добредојдени да се пријават на Конкурсот.

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.