Драги колеги,
Непосредно пред Светскиот ден на Науката за мир и развој, со посебно задоволство Ве покануваме на предавање на тема: “EVIDENCE-INFORMED POLICY MAKING IN THE EU: CHALLENGES AND OPPORTUNITIES” кое ќе го одржи д-р Марио Шарфбилиг, Советник за политика за наука при Joint Research Centre (JRC) во рамки на Европската Комисија.
Предавањето е иницирано од Центарот за податоци и информации за Европската Унија (ЕУи) на Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе се одржи онлајн на 9.11.2022 година во периодот од 13:30 до 15 часот.
Линк до предавањето: https://meet.google.com/eso-shcp-him
Веруваме дека со Вашето ценето присуство ќе придонесете за извонреден успех на настанот.
Ве очекуваме.
Со почит,
Економски факултет – Скопје