На 16 ноември 2022 година, со почеток во 13.00 часот, во Амфитеатар 2, се одбележува доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2022 година, настан кој традиционално се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за економија и оваа година го организира настанот посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2022 година на американските економисти: Бен Бернанки (Ben Bernanke), Даглас Дајмонд (Douglas Diamond) и Филип Дибвиг (Philip Dybvig).
Агендата на настанот е следната:
Обраќање на Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје
Акад. Таки Фити
Значењето на Нобеловата награда за економија и придонесот на нобеловецот Бен Бернанки за економската наука
Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков
Придонесот на нобеловците Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг за економската наука
Со почит,
Економски факултет – Скопје