Е-Бизнис – студиска програма 2022/2023

Цел на студиската програма по Е-БИЗНИС е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот како и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање

  • Стекнува продлабочени знаења за современите светски практики од областа на е-бизнисот и е-комерцијата;
  • Стекнува знаења од областа на дигиталната економија и создавањето на вредност во дигиталната економија;
  • Стекнува знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата;
  • Стекнува способност и знаење за подржување на дигитализацијата и бизнис стратегијата на претпријатијата;
  • Стекнува знаење од областа на дигиталниот маркетинг, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите;
  • Стекнување на знаења од областа на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;
  • Стекнува потребно знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси;
  • Стекнува знаење за основните елементи на компјутерските програмски јазици за развој, имплементација и менаџирање на бизнис апликации;
  • Стекнува знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатијата, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект

Примена на знаењето и разбирањето

  • Способност за дизајнирање, креирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
  • Да ги применува теоретските знаења со помош на кои успешно развива интернет маркетинг комуникациски план;
  • Да ги искористат потенцијалите на информациските системи за дигитализација на синџирот на снабдување;
  • Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнисот;
  • Да ги употребуваат најновите технологии и трендови при изработката на веб решенија, да изработат веб сајт и да ги применуваат основните правила и алатки за креирање на веб содржини;
  • Да користат податоци од истражувања, трансакции, интернет, социјални мрежи и сл. за мерење и менаџирање на односите со потрошувачите;
  • Да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на CRM концептот во бизнис практиката
  • Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење;
  • Да ги применуваат стекнатите вештини во реални сценарија.

Способност за проценка

  • Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за менаџирањето со овие процеси;
  • Покажува способност за идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување;
  • Студентите ќе бидат способни да одредат/проценат и имплементираат соодветна методологија за развој на информациски системи;
  • Демонстрира способност за анализа на податоци и интерпретација на добиените резултати и нивна примена во насока на унапредување на конкурентоста на претпријатијата во глобалното дигитално окружување.

Комуникациски вештини

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.

Вештини за учење

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.

КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВА ГОДИНА
ECN 110Основи на економијатаПрв / Зимски607.5
ACC 110 Основи на сметководствоПрв / Зимски427.5
MST 110Математика за економистиПрв / Зимски427.5
Изборен наставен предметПрв / Зимски 6 / 4 0 / 27.5
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор / Летен427.5
EBU 110Основи на е-бизнисВтор / Летен427.5
INT 110Трговско правоВтор / Летен427.5
Изборен наставен предметВтор / Летен 6 / 4 0 / 27.5
ВТОРА ГОДИНА
КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
MGT 210Основи на менаџментТрет / Зимски607.5
MKT 210Основи на маркетингТрет / Зимски427.5
EBU 210Дигитална економијаТрет / Зимски427.5
Изборен наставен предметТрет / Зимски 6 / 4 0 / 27.5
EBU 230Информациони технологииЧетврти / Летен427.5
EBU 220Дигитален маркетингЧетврти / Летен427.5
EBU 240Дигитални иновацииЧетврти / Летен427.5
Изборен наставен предметЧетврти / Летен 6 / 4 0 / 27.5
ТРЕТА ГОДИНА
КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
EBU 310Бази на податоци за бизнисПетти / Зимски427.5
EBU 320Бизнис логистикаПетти / Зимски427.5
MGT 390 Финансиски менаџментПетти / Зимски607.5
Изборен наставен предметПетти / Зимски 6 / 4 0 / 27.5
EBU 330Дизајн и развој на вебШести / Летен427.5
EBU 340Менаџмент на бизнис процесиШести / Летен427.5
EBU 350Програмирање на бизнис апликацииШести / Летен427.5
Изборен наставен предметШести / Летен 6 / 4 0 / 27.5
ЧЕТВРТА ГОДИНА
КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
EBU 410ЕРП системиСедми / Зимски427.5
EBU 430Системска анализа и дизајн
на информациски системи
Седми / Зимски427.5
EBU 440Аналитика на бизнис податоциСедми / Зимски427.5
Изборен наставен предметСедми / Зимски 6 / 4 0 / 27.5
EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачиОсми / Летен427.5
MKT 440Маркетинг преку социјални медиумиОсми / Летен427.5
Изборен наставен предметОсми / Летен 6 / 4 0 / 27.5
Изборен наставен предметОсми / Летен 6 / 4 0 / 27.5
DIPL 5000Дипломскa работа*Осми / Летен3

КодНазив на предметотСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВА ГОДИНА
MGT120Бизнис етика1 (прв)/зимски607.5
INT120Деловен англиски јазик1 (прв)/зимски427.5
ECN120Вовед во економија
на животната средина
2 (втор)/летен607.5
MGT130Организациско однесување2 (втор)/летен427.5
ВТОРА ГОДИНА
MST240Демографија3 (трет)/зимски427.5
ECN240Економика на Македонија3 (трет)/зимски607.5
FIN230Јавни финансии3 (трет)/зимски607.5
ECN210Макроекономија3 (трет)/зимски607.5
MGT240Менаџмент на човечки ресурси3 (трет)/зимски427.5
ECN220 Микроекономија3 (трет)/зимски607.5
MKT220Однесување на потрошувачите3 (трет)/зимски427.5
MGT270Теорија на организација3 (трет)/зимски607.5
ACC210Финансиско сметководство3 (трет)/зимски427.5
ECN270Бихевиористичка економија
(Економија и психологија)
4 (четврти)/летен607.5
ECN230Економија на социјалната држава4 (четврти)/летен607.5
MST210Економска статистика4 (четврти)/летен427.5
MKT240Интегрирани маркетинг-комуникации4 (четврти)/летен427.5
INT210 Меѓународна економија4 (четврти)/летен607.5
INT220Меѓународни организации и интеграции4 (четврти)/летен427.5
MGT260Менаџерско одлучување
и решавање на проблеми
4 (четврти)/летен607.5
MGT230Менаџмент на мал бизнис4 (четврти)/летен607.5
FIN220Пари и банкарство4 (четврти)/летен607.5
MGT250Проект менаџмент4 (четврти)/летен427.5
ECN250Управување со системите4 (четврти)/летен427.5
ACC220Управувачко сметководство 14 (четврти)/летен427.5
FIN210Финансиски пазари и институции4 (четврти)/летен607.5
ТРЕТА ГОДИНА
FIN330Бихевиористички финансии5 (петти)/зимски607.5
INT310Европски економски интеграции5 (петти)/зимски607.5
ECN310Економија на инвестиции5 (петти)/зимски607.5
ECN320Економски раст и развој5 (петти)/зимски607.5
MKT330Маркетинг-истражување5 (петти)/зимски427.5
МКТ310Маркетинг-менаџмент5 (петти)/зимски427.5
MGT320Менаџмент информациони системи5 (петти)/зимски607.5
INT340Надворешна трговија5 (петти)/зимски607.5
ACC340Сметководствени
информациони системи
5 (петти)/зимски427.5
MGT310Стратегиски менаџмент5 (петти)/зимски607.5
MKT320Управување со иновации и производ5 (петти)/зимски427.5
MST310Анализа на временски серии6 (шести)/летен427.5
MGT330Бизнис планирање и претприемништво6 (шести)/летен427.5
ECN320Внатрешен пазар на ЕУ6 (шести)/летен607.5
ECN391Економија на иновации6 (шести)/летен607.5
MKT340Маркетинг на услуги6 (шести)/летен427.5
MGT340 Менаџмент на перформанси6 (шести)/летен427.5
MGT380Менаџмент на ризик6 (шести)/летен427.5
MKT350Политика на цени6 (шести)/летен427.5
ACC330Ревизија6 (шести)/летен427.5
ACC320Управувачко сметководство 26 (шести)/летен427.5
FIN320Хартии од вредност и
портфолио менаџмент
6 (шести)/летен607.5
ЧЕТВРТА ГОДИНА
FIN410Банкарски менаџмент7 (седми)/зимски607.5
FIN430Европски финансиски систем7 (седми)/зимски607.5
ECN420Економија на јавниот сектор7 (седми)/зимски607.5
ECN460Индустриска политика7 (седми)/зимски607.5
MST420Квантитативни методи во финансии7 (седми)/зимски427.5
MKT410Меѓународен маркетинг7 (седми)/зимски427.5
MGT470Меѓународен менаџмент7 (седми)/зимски607.5
MGT420Оперативен менаџмент7 (седми)/зимски427.5
MGT450Операциони истражувања
и машинско
учење за менаџмент
7 (седми)/зимски607.5
FIN420Алтернативни инвестиции8 (осми)/летен427.5
ACC420Анализа на финансиски извештаи8 (осми)/летен427.5
MKT430Аналитика на социјални медиуми8 (осми)/летен427.5
MGT430Бизнис комуникации8 (осми)/летен427.5
EBU450Е-бизнис дистрибутивни канали8 (осми)/летен427.5
MKT420Креативност и маркетинг на содржина8 (осми)/летен427.5
MGT480Кризен менаџмент8 (осми)/летен427.5
INT420Меѓународно трговско право8 (осми)/летен427.5
MGT410Менаџмент на осигурување8 (осми)/летен427.5
MGT440Менаџмент на промени8 (осми)/летен427.5
FIN440Применети финансии со ексел8 (осми)/летен607.5
MKT450Современи теми од комуникации8 (осми)/летен427.5
INT440Транснационални компании
и глобалната економија
8 (осми)/летен427.5
MST430Финансиска и актуарска математика8 (осми)/летен427.5

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.