fbpx

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР за академската 2021/2022 година

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

 

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2021/2022 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ. Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk)

 

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите (Види листа на Еразмус+ договори на ЕФ, УКИМ)

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока  до Центарот за кариера при Економскиот факултет -Скопје кој функционира и како Канцеларија за меѓународна соработка на факултетот и е во тесна соработка со Еразмус+ координаторот на факултетот,  најдоцна до 30 ноември 2021.

(Еден примерок за досието на наставникот во Центарот за кариера, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факултетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)

 Еразмус+ координатор  за Економски факултет-Скопје

Проф. д-р Сашо Ќосев, PhD (Еразмус Координатор)

e-mail: skosev@eccf.ukim.edu.mk 

тел.02/3286-907

Контакт лице за секакви информации поврзани со повикот, на Економскиот факултет – Скопје е:

Канцеларија за меѓународна соработка – контакт информации :

м-р Маријана Цветковска (Советник за меѓународна соработка)

е-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk  

тел.02/3286-835

Работно време: понеделник-петок 8.00-16.00 часот 

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е 

 7 декември 2021.

РАЗМЕНА НА НАСТАВЕН КАДАР-НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Erasmus+ дневен надомест за наставен кадар

Пресметка на патни трошоци

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.