fbpx

Сметководство и ревизија (втор циклус) – студиска програма 2021/2022

Студиската програма е внимателно структуирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрираните кои почнале или сакаат да започнат да изградат кариера во сметководствената и ревизорска професија. Студентите по завршување на студиите од втор циклус ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: ревизија и уверување, финансиско известување, стратегиско сметководство на менаџментот, анализа на финансиски извештаи и вреднување, испитување на измами, даночно сметководство, финансиски менаџмент, сметководствени информациони системи и технологии итн. Целината од знаење која ја нуди студиската програма по сметководство и ревизија ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:

  • Врвни сметководители;
  • Екстерни и интерни ревизори;
  • Даночни експерти;
  • Финансиски аналитичари или финансиски директори;
  • Испитувачи на измами;
  • Стекнување на широк спектар од професионални звања.

Содржината на предметните програми е усогласена и структуирана според современите предизвици и потреби на општеството за создавање на сметководители и ревизори на иднината. Со стекнатите знаења и вештини магистрираните студенти на оваа студиска програма ќе бидат во состојба да одговорат на актуелните барања на сметководствената и ревизорската професија наметнати со забраната дигитализација и примена на технологиите и вештачката интелегенција кои во последниве години со енормно брзо темпо ја менуваат целината на знаења кои треба да ги поседуваат членовите на професијата.

По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување во сметководствени и ревизорски фирми, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од сметководство, финансии, ревизија, даноци и слично.

 Цел на студиската програма на втор циклус студии – сметководство и ревизија е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни познавања за сметководствената наука и професија и нејзината улога во обезбедување на висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.

 Образовни цели

 1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;

 2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот;

 3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);

 4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;

 5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.

 Професионални цели

 1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и останати професионални сметководствени услуги.

 2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.

Код на предметотНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
П
ПРВ СЕМЕСТАР
ACC 511Финансиско известувањеПрв406
ACC 512Стратегиско сметководство на менаџментотПрв406
ACC 513Ревизија и уверувањеПрв406
ACC 514Анализа на финансиски извештаи и вреднувањеПрв406
ВТОР СЕМЕСТАР
Изборен предмет од Економски факултет*Втор406
Изборен предмет од Економски факултет*Втор406
Изборен предмет од Економски факултет*Втор406
Магистерски труд18

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.