
м-р Лилјана Бошнаковска
Асистент
Катедра Менаџмент
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 - 12h
Среда: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Лилјана Бошнаковска е родена на 2 ноември 2003 година во Скопје. Средното образование го завршува во СУГС „Георги Димитров“, во специјализираната германска паралелка, каде што го усовршува германскиот јазик до ниво C1.
Во 2022 година се запишува на Економскиот факултет – Скопје и дипломира на 1 јули 2026 година. Дипломскиот труд го изработува во рамките на предметот Менаџмент на промени, на тема „Одржлива трансформација на високото образование во Македонија преку имплементација на SDG целите: можности, предизвици и перспективи“, и истиот го одбранува со највисоката оценка (10).
Во текот на студиите учествува на повеќе меѓународни летни школи во организација на Асоцијацијата на економските универзитети на Југоисточна Европа и регионот на Црното Море (ASECU) и други релевантни асоцијации поврзани со економијата, одржани во Грција (Хиос), Албанија (Драч) и Србија (Нови Сад и Белград). На овие меѓународни академски настани презентира сопствени трудови од областа на менаџментот и циркуларната економија. Дополнително, има објавено научен труд во списанието на ASECU.
Во период од две години е активен член на Студентското собрание на Економскиот факултет, каде што учествува во иницирањето и реализацијата на различни студентски проекти, особено во областа на спортот. Во рамките на својот ангажман ја извршува и функцијата спортски координатор, претставувајќи го Факултетот на Универзитетските спортски натпревари, како активен спортист и претставник на студентите во повеќе спортски дисциплини.
Во академската 2026/2027 година е избрана за амбасадор на Македонија од страна на Светската универзитетска спортска федерација (FISU), со цел поттикнување на универзитетскиот спорт и активното учество на студентите во спортските и општествените активности.
Исто така, учествува на повеќе работилници и хакатони организирани од Економскиот факултет и Јунус центарот, при што освојува прво место за најдобро избран проект, развиен како бизнис-решение насочено кон регионалните центри во Македонија и поддршката при вработувањето на младите.
Нејзините посебни интереси се насочени кон одржливиот развој, циркуларната економија, управувањето со промените, развојот на емпатијата и емоционалната интелигенција, како и унапредувањето на грижата за вработените и создавањето похумана организациска култура.
- Gender pay gap in sports, L. Boshnakovska, 12-th ASECU YOUTH CONFERENCE AND SUMMER SCHOOL, 6-13 August 2023, Chios, Greece
- 12-th ASECU YOUTH CONFERENCE AND SUMMER SCHOOL, 6-13 August 2023, Chios, Greece, ,,Common Good In A World Of Increasing Asymmetries And Global Challenges”
- Summer school (Durres, Albania), Circular Economy “Young Experts in the Integrated Waste Management”, organized by ECODES and GIZ, 1-5 October 2023
- MEKST Conference 2024, Novi Sad, Serbia, 29 November – 1 December
- AI in Action, summer school organized by the Faculty of Economics, 24 – 27 September 2024