Часови по специјализиран француски јазик организирани од страна на Францускиот институт во Скопје

Драги студенти,   

Сакаме да ве известиме дека Францускиот институт во Скопје во соработка со Економскиот факултет – Скопје ќе организира часови по специјализиран француски јазик кои ќе бидат спроведени на нашиот факултет. Предвидено е часовите да започнат во февруари 2023 година и да се следат до пролетта 2024 година, по 2 часа во времетраење од 1h 30 min неделено, за група од максимум 15 лица. Програмата ќе биде адаптирана согласно јазичното ниво на пријавените студенти. Сите љубители на францускиот јазик и култура може да се пријават и да ја искористат оваа одлична можност.

Во прилог сумирани се следните важни информации:    

Предмет: Часови по специјализиран француски јазик / Cours de français de spécialité

Линк за пријавување:  https://forms.office.com/e/pSEXfcjB1X

Краен рок за аплицирање: 31 декември 2022 година

Предуслови:

  • Да сте студент во 1, 2 или 3та година
  • Мотивираност и сериозност
  • Желба за усовршување

Начин на селекција:

Селекцијата на студентите ќе биде извршена од страна на Францускиот институт во Скопје

Дополнителни информации:

После завршувањето на јазичната обука, студентите ќе бидат во можност да полагаат за официјален сертификат по француски јазик (ДЕЛФ/ДАЛФ), чии трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Францускиот институт во Скопје. Студентите кои ќе ги следат часовите по специјализиран француски јазик ќе имаат можност да се кандидираат за стипендија за престој на Универзитетот во Каен, Франција во текот на третата година од нивните студии.

Лице за контакт:

Весна Димитриевска

vesna.dimitrievska@eccf.ukim.edu.mk

Искрено се надеваме дека оваа одлична можност ќе побуди интерес од Ваша страна.

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.