Искористи го ВАУЧЕРОТ за дигитални вештини на Економски факултет – Скопје, не чекај аплицирај најдоцна до 1 август. Инвестирај во сопствениот развој, одбери една од многуте обуки кои ги нуди Економски факултет – Скопје.
За искористен ВАУЧЕР на Економски факултет-Скопје ви следува ПОДАРОК обука од исти или понизок ранг!
Доколку имате од 18 до 29 години и имате желба за личен развој, професионално усовршување искористете го
ваучерот за обуки понуден од страна на Владата на РСМ за дигитални вештини на некоја од обуките на Економски факултет-Скопје. Пријавувањето за ваучер од обуките ќе се одвива до 1 август 2020 год. Доколку ги исполнувате условите, може да аплицирате за ваучерот за дигитални обуки. Повеќе информации за добивање на ваучерот може да најдете на сајтот на МИОА или на следниот линк.
1. Следете го упатството на МИОА за да добиете ваучер. При изборот на ваучерот морате да ја изберете обуката за која ќе се пријавите на Економски факултет-Скопје. Ваучерите неможе да се менуваат, ниту да се пренесуваат на друго лице.
2. Потоа изберете некоја од обуките за личен развој и професионално усовршување со пополнување на следната форма. Листат на обуки кои ги нуди Економски факултет – Скопје можете да ги видите подоле.
3. Економски факултет – Скопје ќе ве контактира на вашата e-mail адреса или телефон и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Сертификација: Економски факултет-Скопје преку акредитацијата за изведување на настава на прв, втор и трет циклус на студии добиена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, повеќе од половина век дава диплома за завршени студии на повеќе департмани. Во таа насока по успешно завршувањето на обуката ќе издаде сертификат-потврда за посета на обуката и стекнати дигитални вештини според Европската Рамка за дигитални компетенции 2.0.
Методологија: Секоја од обуките ќе се споведе онлајн преку платформата Google Meet, која Економски факултет-Скопје веќе ја користи за изведување на наставата. Предавањата за сите обуки ќе се изведуваат со помош на презентации, ќе се користат вежби, дискусии во група како и практични примери. На крајот од обуката ќе се спроведе тестирање.
Пријавување:
Сите заинтересирани кандидати кои имаат какви и да било проблеми во процесот на аплицирање можат да се пријават на маил meri.hristoska@eccf.ukim.edu.mk или на телефонски број 02 3286824
Правила за ваучерите:
едно лице може да добие еден ваучер
ваучерот може да го искористи само лицето на чие име гласи ваучерот
ваучерот покрива 50% од цената на чинење на обуката но не повеќе од 30.000 денари
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Faculty of Economics
Ss Cyril and Methodius University
bul. Goce Delcev 9V
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
telephone: (02) 3286-800
fax: (02) 3118-701
e-mail: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани