Раководител: проф. д-р Зоран Миновски
Секретар: проф. д-р Атанаско Атанасовски
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Студиската програма е внимателно структуирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрираните кои почнале или сакаат да започнат да изградат кариера во сметководствената и ревизорска професија. Студентите по завршување на студиите од втор циклус ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: ревизија и уверување, финансиско известување, стратегиско сметководство на менаџментот, анализа на финансиски извештаи и вреднување, испитување на измами, даночно сметководство, финансиски менаџмент, сметководствени информациони системи и технологии итн. Целината од знаење која ја нуди студиската програма по сметководство и ревизија ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:
Содржината на предметните програми е усогласена и структуирана според современите предизвици и потреби на општеството за создавање на сметководители и ревизори на иднината. Со стекнатите знаења и вештини магистрираните студенти на оваа студиска програма ќе бидат во состојба да одговорат на актуелните барања на сметководствената и ревизорската професија наметнати со забраната дигитализација и примена на технологиите и вештачката интелегенција кои во последниве години со енормно брзо темпо ја менуваат целината на знаења кои треба да ги поседуваат членовите на професијата.
По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување во сметководствени и ревизорски фирми, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од сметководство, финансии, ревизија, даноци и слично.
Цел на студиската програма на втор циклус студии – сметководство и ревизија е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни познавања за сметководствената наука и професија и нејзината улога во обезбедување на висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.
Образовни цели
1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;
2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот;
3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);
4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;
5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.
Професионални цели
1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и останати професионални сметководствени услуги.
2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.
Цел на студиската програма на втор циклус студии – сметководство и ревизија е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни познавања за сметководствената наука и професија и нејзината улога во обезбедување на висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.
Студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија е во траење од 2 семестри и вклучува изработка и на магистерски труд.
Структура на предметите е следната:
Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Образовни цели
Професионални цели
Во согласност со мисијата и целите на студиската програма од втор циклус студии по Сметководство и ревизија, студентите ќе се стекнат со следните генерички компетенции:
Поконкретно, студентите ќе се стекнат и со следните специфични компетенции:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини
Вештини на учење:
Квалификација која се стекнува: Магистер по економски науки – сметководство и ревизија.
Код | Предмет | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
ACC511 | Финансиско известување | Проф. д-р Атанаско Атанасовки | 40 | 6 |
ACC512 | Стратегиско сметководство на менаџментот | Проф. д-р Марина Трпеска | 40 | 6 |
ACC513 | Ревизија и уверување | Проф. д-р Зоран Миновски | 40 | 6 |
ACC514 | Анализа на финансиски извештаи и вреднување | Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска | 40 | 6 |
Код | Предмет | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6 | ||
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6 | ||
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6 | ||
Магистерски труд | 18 |
Код | Предмет | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
ACC 515 | Научно истражувачки методи во сметководството | Проф. д-р Марина Трпеска | 40 | 6 |
ACC 516 | Сметководствени информациони системи и технологии | Проф. д-р Зоран Миновски | 40 | 6 |
ACC 517 | Државна ревизија | Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска | 40 | 6 |
ACC 518 | Испитување на измами | Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска | 40 | 6 |
ACC 519 | Финансиски менаџмент | Проф. д-р Сашо Арсов | 40 | 6 |
Проф. д-р Александар Наумовски | ||||
ACC 520 | Корпоративно управување | Проф. д-р Стојан Дебарлиев | 40 | 6 |
Проф. д-р Љубомир Дракулевски | ||||
ACC 522 | Сметководство за држави и непрофитни организации | Проф. д-р Зоран Миновски | 40 | 6 |
ACC 523 | Даночно сметководство | Проф. д-р Атанаско Атанасовки | 40 | 6 |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани