Економија – студиска програма 2022/2023

Прв циклус студии · Департман Економија

4 години8 семестри
24задолжителни предмети + дипломска работа
8изборни предмети, од 74 понудени
7,5ЕКТС кредити по предмет

Цел на студиската програма по Економија е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини.

Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Економија.

1Знаење и разбирање

Поседува знаење и разбирање:

  • Како потрошувачите носат одлуки што и колку да консумираат, а фирмите што и колку да произведуваат;
  • Како функционираат различните пазарни структури;
  • Каде настануваат и како се регулираат ситуациите на неуспесите на пазарот;
  • Како се пресметуваат макроекономските агрегати;
  • Кои се инструментите на макроекономските политики;
  • Кои се факторите на економскиот раст и развој;
  • Како функционира пазарот на трудот и кои се причините и последиците од невработеноста;
  • Кои се економските аспекти на еколошките проблеми;
  • Кои се основните математички, статистички и економетриски модели кои се употребуваат во современата економија.

2Примена на знаењето и разбирањето

Може да ги применува знаењата за да ги идентификува:

  • Условите потребни за оптимално функционирање на фирмите во услови на различни пазарни структури;
  • Елементите за дизајнирање оптимални модели на државна интервенција за справување со пазарните неуспеси;
  • Елементите за дизајнирање соодветни макроекономски политики (фискална и монетарна);
  • Дизајнирање политики на пазарот на трудот;
  • Елементите на соодветни стратегии за забрзување на економскиот раст и развој;
  • Поврзаноста на економскиот систем и проблемите на деградација на животната средина и климатските промени;
  • Примена на математички, статистички и економетриски методи за анализа на микроекономските и макроекономските појави и процеси.

3Способност за проценка

Има способност за проценка на користите и трошоците (cost-benefit анализа) на:

  • Различните стратегии на фискалната и монетарната политика;
  • Различните стратегии за забрзан економски раст и развој;
  • Различните политики за подобрување на функционирањето на пазарот на трудот и намалување на невработеноста;
  • Различните политики за зајакнување на пазарната конкуренција во економијата;
  • Различните мерки за подобрување на условите за иновации и технолошки развој, односно за зголемување на продуктивноста во користењето на ресурсите;
  • Различните пристапи во реформите на јавниот сектор со цел подигнување на неговата ефикасност и ефективност;
  • Економските политики поврзани со заштитата на животната средина и процесот на декарбонизација.

4Комуникациски вештини

  • Стекнува вештини за работа во рамки на истражувачки и проектни тимови;
  • Способност за презентирање на научно-истражувачки и проектни резултати пред стручната и пошироката јавност;
  • Способност за стручно аргументирање на мислењата и ставовите;
  • Разбирање на комуникациските аспекти на бихевиористичкиот пристап во анализата на однесувањето на економските субјекти.

5Вештини за учење

Има развиени вештини за следење и разбирање на новите придонеси во:

  • Современата микроекономска теорија и применетата микроекономска анализа;
  • Современата макроекономска теорија и применетата макроекономска анализа;
  • Дизајнирањето на фискалната политика, монетарната политика и стратегиите на економскиот раст и развој, политиките на стимулирање на иновациите, политиките за заштита на животната средина;
  • Применетата економска анализа, односно во квантитативните методи и модели на економската анализа.