УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
- државите членки на ЕУ
- државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
- Република Србија и Република Турција
Конкурсот е отворен за
- 15 студентски мобилности за студирање
Времетраење на мобилноста : еден семестар (зимски семестар 2026/2027)
Право на пријавување
Редовни студенти на
- прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар
- втор циклус студии
- трет циклус студии
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)
*ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: ЛИСТА НА ЕРАЗМУС+ ДОГОВОРИ (линк)
Потребни документи за мобилност на студенти
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страницата на Универзитетот: https://ukim.edu.mk/studenti/studentski-mobilnosti/erazmus/ или интернет-страницата на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо.
Задолжително:
- договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС – максимум 30 ЕКТС).
Кандидатите за студентска мобилност за студирање од Економскиот факултет – Скопје, УКИМ лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Центарот за кариера при Економскиот факултет – Скопје кој функционира и како Канцеларија за меѓународна соработка на факултетот и е во тесна соработка со Еразмус+ координаторот на Економскиот факултет, најдоцна до 17 април 2026 (петок).
(Еден примерок за досието на студентот во Центарот за кариера, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
Еразмус+ координатор за Економски факултет-Скопје
Проф. д-р Елена Наумовска (Еразмус координатор)
e-mail: erasmus@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-896
Контакт лице за секакви информации поврзани со повикот, на Економскиот факултет – Скопје е:
Канцеларија за меѓународна соработка – контакт информации :
м-р Маријана Цветковска (Советник за меѓународна соработка)
е-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk
тел.02/3286-835
Работно време: понеделник-петок 8.00-16.00 часот
РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ- НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ПРОЦЕДУРИ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР
Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно следниве критериуми:
- академски успех
- познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата
- мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност
Согласно Еразмус повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности (Види Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)
Краен рок за поднесување на рангираните апликации – студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 24 април 2026 (петок).
Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
ИНФОРМАТИВНА ТРИБИНА ЗА ЕРАЗМУС+ ПОВИКОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 30.03.2026 година (понеделник) во Предавална 8, со почеток во 15.00 часот, каде заинтересираните студенти од Економскиот факултет-Скопје, УКИМ ќе имаат можност детално да се запознаат со повикот, а и да слушнат искуства од колеги кои веќе биле на мобилност.