Корпоративен финансиски менаџмент 2022/2023

Во современото деловно окружување, корпоративниот финансиски менаџмент работи на една многу сложена, меѓусебно поврзанa и динамичнa домашна и меѓународната сцена. Организациските цели мора да интегрираат широк спектар на фактори, како што се варијациите на глобалните пазари, долгорочните стратегии, корпоративната општествена одговорност и вредноста за стеикхолдерите; во исто време, посакуван и побаруван е краткорочниот финансиски раст на компанијата. Оваа програма е предизвик за сите оние кои се заинтересирани да станат дел од современата генерација на финансиски професионалци, кои имаат знаења, размислувања и вештини за идно докажување во финансискиот менаџмент на големи, мали и средни претпријатија и start-up бизниси. Овој студиум дава уникатна, мултидисциплинарна и меѓународна програма преку која студентите ќе научат да ги разбераат не само финансиите на компанијата, но исто така и како да се справат со економските, менаџерски, регулаторните проблеми и прашања за финансиското известување на компанијата, а со цел да се максимизира вредноста на компанијата.

 

 Главната цел на оваа студиска програма е обезбедување на специјализирано знаење, разбирање и способности неопходни за креирње на врвни професионалци  по финансиски менаџмент кои ќе бидат високо вреден човечки ресурс за корпорација во која работат и кои постојано ќе придонесуваат за создавање на поголема вредност за корпорацијата.

 

 Специфични цели. Студиската програма од втор циклус студии по Корпоративен финансиски менаџмент која се предлага со овој елаборат има за цел да продуцира магистри кои ќе бидат способни да ја унапредуваат финансиската професија, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење. Се очекува магистрите во текот на студирањето да стекнат богато и разновидно искуство, како и да развијат соодветно знаење, вештини и способности во областа на организациските науки со посебен акцент на финансискиот менаџмент.

Студентите ќе стекнат специфично знење базирано на принципите на корпоративните финансии, организацијата и менаџментот и на тој начин ќе се постигне една заокружена целина на знаења и разбирања кои се релевантни и применливи во практиката. На тој начин, специфичните цели кои ќе бидат постигнати со програмата од втор циклус студии по корпоративен финансиски менаџмент може да ги сублимираме во пет главни категории:

  • Обезбедување на извори на фиансирање на компанијата. Студентите ќе бидат способни да донесат одлука за извори на финансирање на компанијата кои ќе бидат во контекст на обезбедување најоптимална структура на капиталот и максимизација на вредноста на компанијата. Во денешната глобална економија, на финансиските менаџери на компаниите им стојат на располагање не само домашниот и европскиот, туку и интернационалниот пазар на капитал. Така, покрај издавањето на иницијлна јавна понуда на домашниот пазар на капитал, компаниите може да се задолжат со флуктуирачка стапка на меѓународен пазар. И уште многу други варијанти им стојат на располагање, секоја со различен ефект врз вредноста на компанијата. Разноликоста на опциите на финансирање и нивното влијание врз вредноста на компанијта треба добро да се проанализираат и да се донесе најповолна одлука. Оваа програма на втор циклус студии токму тоа го овозможува.
  • Алоцирање на капитал. Растотот и развојот на компанијата има потреба од алоцирање на капитал во нови инвестициски проекти. Во современото брзо променливо деловно окружување современите финансиски менаџери имаат потреба да ги знаат и применуваат најновите орудија за носење на најкомплексните одлуки од доменот на капиталното буџетирање. Погрешната инвестициска одлука може да ја доведе компанијата во банкротство. Прашањата кои се испречуваат пред финансискиот менаџер, во што да се вложи, колку да се вложи, зошто да се вложи итн., се најкомплексните. Студентите на оваа програма ќе се стекнат со доволен фонд на знаење за идентификација на најдобрата инвестициска одлука. Ќе бидат способни да ги проценат готовинските текови, да ги утврдат најдобрите извори на финансирање, да го утврдат трошок на капиталот како од домашни така и од странски извори на финансирање, ќе знаат да ја употребат рамката на реалните опции за да се справат со високо неизвесните и ризчни инвестицксики потфати и носење најдобра одлука за алокација на капитал.
  • Анализирање. Финансиските менаџери потребно е константно да ја анализираат и следат состојбата на компанијата низ комплексот на индикатори за профитабилноста, ликвидноста, солвентноста и ефикасноста. Ова подразбира анализа на финансиските извештаи и пресметка на трошоците. Исто така, финансиските менаџери е потребно да се справуваат и да носат најдобри финансиски одлуки за различни ризични изложености.
  • Администрирање. Со помош на аналитичките активности и системи, финансиските менаџери е потребно да го разбираат детално спроведувањето на повеќе административни активности, почнувајќи од прибирањето на финансиски податоци, нивна евиденција, консолидирање и нивно известување до заинтересираните стеикхолдери (квартално и годишно). Доброто познавање и експертизата од финансиското и менаџерскто сметководство е клучно за тоа.
  • Антиципирање. Покрај регуларното менаџирање на работниот капитал, една од најкомплексните одлуки на финансискиот менаџер е антиципирањето на идните настани и идните готовински текови. Тое  е со цел компанијата да не се донесе во ризик од неликвидност и неможност да одговори на достасаните обврски. Затоа, доброто планирање на готовината, нејзиното буџетирање, планирањето на капиталните вложувања и процената на ризиците се клучни во овој домен. 

 Покрај гореневедените области, после завршувањето на оваа програма по корпоративен финансиски менаџмент, студентите ќе бидат способни и за следново:

  • Да го стават целокупното теоретското знаење и способност во пракса. Токму, дисциплината применет финансиски менаџмент и обработувањето на голем број на студии на случаи ќе дадат наголем придонес кон практичниот пристап на знаењата и способностите.
  • Да спроведат сопствено истражување кое ќе придонесе во доменот на финансискиот менаџмент.
  • Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми, индивидуално и тимски.
  • Примена на најдобрите извори на странска литература во нивното идно работење.
  • Менаџирање на сопствениот развој и растот и развојот на компанијата.

 

 Студиската програма по Корпоративен финансиски менаџмент е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во оваа професија и да ги развијат своите знаења и да стекнат специфични вештини во областа на корпоративниот финансиски менаџмент. Магистрираните студенти на програмата по Корпоративен финансиски менаџмент типично развиваат кариера во доменот на финансискиот менаџмент, сметководството, финансиските услуги, како и поврзани сектори во економијата кои бараат длабоко познавање на практиките во финансиите. Студиската програма по Корпоративен финансиски менаџмент е дизајнирана пред сé за индивидуи кои аспирираат да постигнат раководни позиции во улога на финансиски менаџери, менаџери контролори, менаџери на благајна и сметководствени менаџери, предимно во деловниот сектор. Тоа е затоа што оваа програма обезбедува знаење кое е неопходно за остварување на професионални финансиски менаџери на сите ниво во организацијата.

 Според тоа, оваа програма е наменета за сите оние кои сакаат да се подготват за развивање на успешна кариера во доменот на финансискиот менаџмент, без разлика дали е во мала, средна или голема (меѓународна) компанија или пак консултанстки фирми за финансиски менаџмент. Таа им овозможува на сите оние кои веќе се на одредена позиција во компанија каде извшуваат финансиска или сметководствена проблематика, да се стекнат со севкупно потребно знаење за финансиските прашања и со тоа да си обезбедат сигурен и квалитетн раст во нивната кариера. Оваа програма исто така е наменета и за тукушто дипломирани студенти на прв цуклус студии за да може да се стекнат со напредни знаења за да најдат вработување во компанија каде ќе извршуваат финансиска функција на почетно ниво како што се финансиски приправник, помошник на финансиски менаџер, консултант за финансиски менаџмент, финансиски аналитичар, бизнис консултант, бизнис аналитичар, бизнис приправник, асистент благајник, или помошник контролор. Иако насочена кон финансиската страна на менаџмент, оваа програма, исто така, обезбедува добра основа за повеќе општи менаџерски задачи. Всушност, многу компании сакаат кадри кои поседуваат искуство од доменот на финансискиот менаџмент за пополнување на општи менаџерски позиции, бидејќи финансиските размислувања се коренот на сите големи деловни одлуки.

 Можностите за кариера се широки и екстензивни во областите кои се во сржта на оваа програма. По дипломирањето, студентите ќе бидат во можност да работат на национално и на меѓународно ниво, како, на пример, главен финансиски директор (CFO), финансиски менаџери на средно ниво, финансиски аналитичар, инвестициски банкар, кредитни аналитичари, менаџер на ризици, аналитичар на ризици, менаџмент консалтинг, менаџер за развој на бизнисите, контролор, менаџер на благајна, партнер во консултантската фирма, партнер во инвестициското банкарство или уште многу други функции во доменот на финансискиот менаџмент во зависност од избраната специјализација. Завршените студии на оваа програма се јака основа за продолжување на докторски студии во доменот на корпоративниот и финансискиот менаџмент. Исто така, студентите кои ќе магистрираат на оваа програма ќе се стекнат со солидни знања и подготвеност за полагање на меѓународните сертификати како што се Chartered Financial Analyst (CFA), Professional Risk Manager (PRM), Financial Risk Manager (FRM), Certified Management Accountant (CMA).

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПРВА ГОДИНА
ПРВ СЕМЕСТАРПВ
CFM510Напреден финансиски менаџмент Прв24166
CFM511Стрaтегиски менаџмент Прв24166
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24166
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24166
ВТОР СЕМЕСТАР
CFM512Корпоративна финансиска стратегијаВтор24166
CFM523Финансирање на претприемачки бизнисиВтор24166
Изборен предмет од Економски факултет*Втор24166
Магистерски труд18

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.