Официјално отворена обновената „Халк Читална“ на Економскиот факултет – Скопје

На 7 октомври 2026 година, на Економскиот факултет – Скопје, УКИМ, свечено беше отворена обновената „Халк Читална“, реализирана во соработка со Халкбанк АД Скопје, со цел унапредување на условите за учење и работа на студентите.

На настанот се обратија деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, и д-р Фатих Шахбаз, генерален директор на Халкбанк АД Скопје.

Обновената читална претставува современ и функционален простор наменет за студентите и уште еден придонес кон создавање поквалитетна средина за учење, подготовка и академски развој.

Овој проект е уште еден пример за успешна соработка меѓу академската и деловната заедница, насочена кон конкретна поддршка на студентите и подобрување на условите за нивниот образовен процес.

Економскиот факултет – Скопје изразува благодарност до Халкбанк АД Скопје за соработката и поддршката.

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.