Управување во јавниот сектор – студиска програма 2022/2023

 Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и проширени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор, за економските политки и поврзаноста на јавниот сектор со другите сектори во еконмијата, како и да се стекнат со специфични вештини за управување со процесите во јавниот сектор имајќи ги предвид новите предизвици во сé посложеното економско, технолошко и општествено окружување.

 

 Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. Во остварувањето на таа цел, улогата на јавниот сектор е од посебно значење. Оттука, за македонската економија од особено значење е развој на соодветни стратегии за реформирање и зголемување на ефикасноста на јавниот сектор. Во таа насока треба да се зголеми квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот скетор, да се зајакне и адекватно да се постави економската и социјалната регулација во земјата, да се јакне кадровскиот капацитет во јавниот сектор преку вложување во ново знење, да се  дигитализациираат процесите и активностите кои се остваруваат во рамките на јавниот сектор. Јавниот сектор да ја зајанкне и ефикасно да ја исполнува совјата задача во поттикнувањето и забрзувањето на локалниот економски развој преку активно користење на формите на јавно-приватно партнерство и домаќински и одговорно финансирање на проектите од јавен интерес. Понатаму, унапредување на соработката и активното партнерство на деловниот сектор и јавната администрација со цел воспоставување интерактивен процес на креирање знаења и оценување на нивната практична релевантност.

 

 Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на управувањето во јавниот сектор, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.

 Студиската програма по Управување во јавниот сектор е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на јавните политики и управувањето со јавните претпријатија. По завршувањето на студиите од втор циклус по Управување во јавниот сектор, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: управување со процесот на локалниот економски развој, анализа и оценување на макроекономските и микроекономските развојни политики, анализа и оценување на јавните инвестициони проекти, развој на стратегии и политики за адекватно управување со регулацијата на бизнисот, управување со централните и локалните финансии, развој на социјални програми и политики, управување со јавните набавки, јакнење на менаџерските капацитети во јавните претпријатија, развој на адекватни маркетинг и комуникациски стратегии во јавните претпријатија и државните институции, управување со процесите на дигитализацијата во јавниот сектор.

 

 Целината на знаења која ја нуди студиската програма Управување во јавниот сектор ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор (јавните претпријтија, министерствата, регулаторните институции и државнит агенции, во единиците на локалната самоуправа и сл.). Според кадровската провласфилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој и политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на финансирање на економскиот развој. Потоа ќе ги зајакнат претприемничките и менаџерските вештини  за успешно справување со предизвиците во функционирањето на јавниот сектор во целина.  

Код на предметотНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВ СЕМЕСТАР
PSM 511Економија на јавниот секторПрв24166
PSM 517Локален економски развјПрв24166
Изборен предмет од Економски факултетПрв24166
Изборен предмет од Економски факултетПрв24166
966424
ВТОР СЕМЕСТАР
PSM 514Државата и бизнисотВтор24166
PSM 516Човечки ресурси во јавниот секторВтор24166
Изборен предмет од Економски факултетВтор24166
Магистерски труд 18

Линк до Управување во јавниот сектор – студиска програма 2017/2018

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.