Меѓународна трговија – студиска програма 2022/2023

 Дипломираниот економист на Департманот по МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА има продлабочени теоретски
знаења од областа на меѓународната економија и меѓународната трговија и поседува специфични вештини за нивна
практична примена. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа
област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
 Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира
следниве знаења, способности и вештини:
 Знаење и разбирање:
  • Способност за критичко разбирање на правилата на меѓународната економија и мултилатералниот
трговски систем и нивното функционирање во услови на криза;
  • Способност за анализа на надворешнотрговските политики што ги применуваат земјите во светот;
  • Способност за разбирање на потребата за правилно димензионирање на инструментите на девизниот и
надворешнотрговскиот систем;
  • Способност за разбирање на спецификите на Европското законодавство;
  • Поседува знаење за водење самостоен бизнис во современото меѓународно окружување.
 Примена на знаењето и разбирањето:
  • Демонстрира способност за водење соодветна надворешнотрговска политика;
  • Успева да направи усогласување на домашните правила и политики со политиките на Светската трговска
организација и меѓународните финансиски институции;
  • Поседува способност за соодветно толкување и примена на европското и националното законодавство во
секојдневното работење;
  • Способност да ги води операциите во транснационалните компании во рамките на глобалните синџири за
снабдување и глобалните синџири на вредноста,
  • Способност успешно да води компанија вклучена во меѓународните бизнис практики
 Способност за проценка:
  • Покажува способност за критична анализа на меѓународните спогодби и конвенции за регулирање на
меѓународната трговија со стоки и со услуги;
  • Покажува способност за критички осврт на предизвиците со кои се соочува мултилатералниот трговски
систем;
  • Демонстрира способност за препознавање на промените во глобалните синџири на вредноста и глобалните
синџири на снабдување;
  • Покажува способност за препознавање на предизвиците со кои се соочуваат компаниите на Внатрешниот
пазар на ЕУ и на другите меѓународни пазари;
  • Покажува способност за избор на содветни трговски партнери и склучување поволни трговски договори.
 Комуникациски вештини:
  • Поседува способност за комуникација со сите учесници во глобалните синџири на снабдување;
  • Покажува способност за организација на сложените меѓународни трговски операции;• Поседува способност за разбирање на специфичните карактеристики и потреби на учесниците во
меѓународната трговија што доаѓаат од различни култури;
  • Покажува способност да комуницира со трговските партнери за успешно завршување на трговските зделки.
 Вештини на учење:
  • Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување на промените во
меѓународната економија и условите за водење меѓународен бизнис;
  • Покажува интерес за активно учество во различни дополнителни форми и видови учење за спецификите
на глобалните синџири на вредноста и глобалните синџири на снабдување;
  • Демонстрира способност за критичка анализа и генерирање идеи во насока на решавање проблеми при
постоење економски кризи.
  • Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на специфичните компетенции за
водење меѓународен бизнис.
Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Меѓународна трговија.

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВА ГОДИНА
ECN 110Основи на економијатаПрв / Зимски607.5
MST 110Математика за економистиПрв / Зимски427.5
ACC 110Основи на сметководствоПрв / Зимски427.5
Изборен предметПрв / Зимски4/62/07.5
INT 110Трговско правоВтор / Летен427.5
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор / Летен427.5
EBU 110Основи на Е-бизнисВтор / Летен427.5
Изборен предметВтор / Летен4/62/07.5
ВТОРА ГОДИНА
КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
MGT 210Основи на менаџментТрет / Зимски607.5
MKT 210Основи на маркетингТрет / Зимски427.5
ECN 210МакроекономијаТрет / Зимски607.5
Изборен предметТрет / Зимски4/62/07.5
INT 210Меѓународна економијаЧетврт / Летен607.5
INT 220Меѓународни организации и интеграцииЧетврт / Летен427.5
MST 210Економска статистикаЧетврт / Летен427.5
Изборен предметЧетврт / Летен4/62/07.5
ТРЕТА ГОДИНА
Код Назив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
INT 310Европски економски интеграцииПетти / Зимски607.5
INT 340Надворешна трговијаПетти / Зимски607.5
FIN 230Јавни финансииПетти / Зимски607.5
Изборен предметПетти / Зимски4/62/07.5
INT 320Внатрешен пазар на ЕУ Шести / Летен607.5
INT 330Мултилатерален трговски системШести / Летен607.5
Изборен предметШести / Летен4/62/07.5
Изборен предметШести / Летен4/62/07.5
КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ЧЕТВРТА ГОДИНАПВ
INT 410Меѓународен транспорт и логистикаСедми / Зимски607.5
MKT 410Меѓународен маркетингСедми / Зимски427.5
FIN 310Меѓународни финансииСедми / Зимски607.5
Изборен предметСедми / Зимски4/62/07.5
INT 420Меѓународно трговско правоОсми / Летен427.5
INT 440Транснационални компании
и глобалната економија
Осми / Летен427.5
INT 430Монетарна и фискална политика во ЕУОсми / Летен607.5
Изборен предметОсми / Летен4/62/07.5
DIPL 5000Дипломска работа*Осми / Летен3**
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.