fbpx

Финансии – студиска програма 2022/2023

Цел на студиската програма по ФИНАНСИИ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на финансиите и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 Знаење и разбирање:

  • Ги познава институционалната структура на финансиските пазари, карактеристиките на одделните видови финансиски инструменти (акции, обврзници, штедни влогови, заеми, финансиски деривати итн.) и делувањето на различни финансиски институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови, итн.).
  • Ги разбира основните принципи на финансиите, суштината на современата портфолио теорија и принципите на вреднување на основните класи на финансиски инструменти: акциите и обврзниците.
  • Поседува знаења за најважните видови активни, пасивни и неутрални банкарски работи, за современите методи за управување со средствата, ликвидноста, обврските и капиталот на банките и стекнува способности за анализа на конкретни проблеми од деловната политика на комерцијалните банки.
  • Ги разбира и критички ги анализира основните прашања од областа на меѓународните финансии, како што се: формирањето на девизните курсеви и функционирањето на девизниот пазар, главните компоненти на платниот биланс, клучните меѓународни финансиски институции и финансирањето на меѓународната трговија.
  • Поседува продлабочени знаења од јавните финансии, ги познава карактеристиките на современите даночни системи, политиките на јавните расходи, буџетскиот процес и стекнува способност да ги анализира ефектите на фискалната политика.

 Примена на знаењето и разбирањето:

  • Како финансиски експерт во државните и јавните институции изготвува финансиски планови и учествува во процесот на буџетирање.
  • Како финансиски менаџер во нефинансиските трговски друштва учествува во извршувањето на финансиската функција.
  • Во банките и другите финансиски институции, извршува различни задачи, поврзани со процесот на управување со ликвидноста, кредитната анализа и управувањето со ризиците.
  • Извршува разни работи како финансиски експерт во областа на даноците и јавното финансирање (даночни консултанти, финансиски инспектори), како и во доменот на осигурувањето и царинската проблематика.
  • Како експерт за финансиските пазари (берзата на хартии од вредност, брокерски друштва и сл.), спроведува фундаментална и техничка анализа, прави проекции на идното движење на финансиските варијабли итн.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за собирање, обработка и интерпретација на информациите за појавите во финансиската економија.
  • Покажува способност за оценка и избор на научни теории кои во своите рамки даваат одговор и препораки за движењето на финансиските појави во иднината.
  • Покажува способност за избор на најповолна насока на дејствување во рамките на финансискиот систем (фискалната политика, монетарната политика, финансиските институции).

 Комуникациски вештини:

  • Способност за комуникација каде темата на дискусија е од областа на финансиите и спремност критички и објективно да се изнесуваат аргументи во процесот на финансиското одлучување и дејствување.
  • Самостојно учество во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии, со професионален пристап.
  • Способност за комуникација со професионалци од својата и од други научни дисциплини, каде критериумите за донесување на правилна одлука не се јасно дефинирани или се базирани на субјективни мислења.

 

 Вештини на учење:

  • Демонстрира совладани вештини за учење – концентрација, читање и слушање, меморирање, користење на времето.
  • Демонстрира способност за разумна оцена на идеи со критичко размислување, истражува стратегии (и ставови) за генерирање идеи со креативното размислување.
  • Ефикасно ги користи овие размислувања и стратегии за решавање на секојдневните проблеми.

 

Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Финансии.

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВА ГОДИНА
ECN 110Основи на економијатапрв607.5
MST 110Математика за економистипрв427.5
АCC 110Основи на сметководствопрв427.5
/Изборен наставен предметпрв4/62 / 07.5
MST 120Статистика за бизнис и економијавтор427.5
EBU 110Основи на е-бизнисвтор427.5
INT 110Трговско правовтор427.5
/Изборен наставен предметвтор4/62 / 07.5
ВТОРА ГОДИНА
КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ECN 210Макроекономијатрет607.5
FIN 230Јавни финансиитрет607.5
ACC 210Финансиско сметководствотрет427.5
/Изборен наставен предметтрет4/62 / 07.5
FIN 210Финансиски пазари и институциичетврти607.5
FIN 220Пари и банкарствочетврти607.5
FIN 240Локални финансиичетврти607.5
/Изборен наставен предметчетврти4/62 / 07.5
ТРЕТА ГОДИНА
КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
MGT 390Финансиски менаџментпетти607.5
FIN 310Меѓународни финансии петти607.5
FIN 330Бихевиористички финансиипетти607.5
/Изборен наставен предметпетти4/62 / 07.5
FIN 320Хартии од вредност и портфолио менаџментшести607.5
FIN 340Менаџмент на финансиски институциишести607.5
ACC 420Анализа на финансиски извештаишести427.5
/Изборен наставен предметшести4/62 / 07.5
42 / 464459860
ЧЕТВРТА ГОДИНА
КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
FIN 410Банкарски менаџментседми607.5
FIN 430Европски финансиски системседми607.5
MST 420Квантитативни методи во финансииседми427.5
/Изборен наставен предметседми4/62 / 07.5
FIN 420Алтернативни инвестицииосми427.5
FIN 440Применети финансии со Екселосми607.5
FIN 450Избрани теми од финансииосми427.5
/Изборен наставен предметосми4/62 / 07.5
DIPL 5000Дипломска работа*осми3

КодНазив на предметотСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
 MGT 120Бизнис етикапрв 607.5
INT 120Деловен англиски јазикпрв427.5
 ECN 120Вовед во економија на животната срединавтор607.5
 MGT 130Организациско однесувањевтор427.5
 MST 240Демографијатрет427.5
 EBU 210Дигитална економијатрет427.5
ECN 240Економика на Македонијатрет607.5
 MGT 240Менаџмент на човечки ресурситрет427.5
ECN 220Микроекономијатрет607.5
MKT 220Однесување на потрошувачитетрет427.5
MKT 210 Основи на маркетингтрет427.5
 MGT 210Основи на менаџменттрет607.5
 MST 250Статистичка контрола на квалитеттрет427.5
MGT 270 Теорија на организацијатрет607.5
 ECN 270Бихевиористичка економија
(Економија и психологија)
четврти607.5
 EBU 220Дигитален маркетингчетврти427.5
 EBU 240Дигитални иновациичетврти427.5
 ECN 230Економија на социјалната државачетврти607.5
ECN 260 Економија на трудотчетврти427.5
MST 210 Економска статистикачетврти427.5
 MKT 240Интегрирани маркетинг-комуникациичетврти427.5
EBU 230 Информациони технологиичетврти427.5
INT 210 Меѓународна економијачетврти607.5
INT 220 Меѓународни организации и интеграциичетврти427.5
 MGT 260Менаџерско одлучување
и решавање на проблеми
четврти607.5
 MGT 230Менаџмент на мал бизнисчетврти607.5
 MST 220Основи на бизнис аналитикачетврти427.5
 MGT 250Проект менаџментчетврти427.5
 ACC 230Сметководствени контролни системичетврти427.5
 MKT 230Управување со маркетинг каналичетврти427.5
ECN 250 Управување со системитечетврти427.5
 ACC 220Управувачко сметководство 1четврти427.5
ECN 360 Аграрна политикапетти427.5
 EBU 310Бази на податоци за бизниспетти427.5
 EBU 320Бизнис логистикапетти427.5
INT 310 Европски економски интеграциипетти607.5
 ECN 330Економетрија петти427.5
 ECN 310Економија на инвестициипетти607.5
 ECN 320Економски раст и развојпетти607.5
 ACC 310Корпоративно финансиско известувањепетти427.5
MKT 330Маркетинг-истражувањепетти427.5
 MKT 310Маркетинг-менаџментпетти427.5
 MGT 320Менаџмент информациони системипетти607.5
 INT 340Надворешна трговијапетти607.5
ECN 390 Национални сметкипетти427.5
 ACC 340Сметководствени информациони системипетти427.5
 MGT 310Стратегиски менаџментпетти607.5
MKT 320 Управување со иновации и производпетти427.5
 MST 310Анализа на временски сериишести427.5
INT 320 Внатрешен пазар на ЕУшести607.5
 MGT 330Бизнис планирање и претприемништвошести427.5
EBU 330 Дизајн и развој на вебшести427.5
ECN 391 Економија на иновациишести607.5
 MKT 340Маркетинг на услугишести427.5
 EBU 340Менаџмент на бизнис процеси шести427.5
 MGT 340Менаџмент на перформансишести427.5
 MGT 380Менаџмент на ризикшести427.5
 INT 330Мултилатерален трговски системшести607.5
 MKT 350Политика на ценишести427.5
EBU 350 Програмирање на бизнис апликациишести427.5
 ECN 350Развој на економската мислашести607.5
 ACC 330Ревизија шести427.5
ECN 340Регионална и урбана економијашести607.5
 ACC 320Управувачко сметководство 2шести427.5
 EBU 440Аналитика на бизнис податоциседми427.5
 ACC 440Државно сметководство
и сметководство на
непрофитни организации
седми427.5
 ECN 420Економија на јавниот секторседми607.5
EBU 410 ЕРП системиседми427.5
ECN 460 Индустриска политикаседми607.5
 MKT 410Меѓународен маркетингседми427.5
 MGT 470Меѓународен менаџментседми427.5
 INT 410Меѓународен транспорт и логистикаседми607.5
 ECN 440Методи на макроекономската анализаседми607.5
 MGT 420Оперативен менаџментседми607.5
 MGT 450Операциони истражувања
и машинско учење за менаџмент
седми607.5
 EBU 430Системска анализа и дизајн
на информациски системи
седми427.5
MKT 430 Аналитика на социјални медиумиосми427.5
 ECN 430Глобалната економија
и економските системи
осми607.5
 MGT 430Бизнис комуникацииосми427.5
ECN 410Државна регулација на бизнисотосми427.5
EBU 450 Е-бизнис дистрибутивни каналиосми427.5
 ACC 430Интерна ревизијаосми427.5
MKT 420 Креативност и маркетинг на содржинаосми427.5
 MGT 480Кризен менаџментосми427.5
 MKT 440Маркетинг преку социјални медиумиосми427.5
 ACC 410Меѓународно сметководствоосми427.5
 INT 420Меѓународно трговско правоосми427.5
 EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачиосми427.5
 MGT 410Менаџмент во осигурувањеосми427.5
 MGT 440Менаџмент на промениосми427.5
INT 430 Монетарна и фискална политика во ЕУосми607.5
 ECN 450Применета економетрија осми427.5
 MKT 450Современи теми од комуникации осми427.5
 INT 440Транснационални компании
и глобалната економија
осми427.5
MST 430 Финансиска и актуарска математикаосми427.5

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.