fbpx

МБА Менаџмент (студиска програма 2022/2023)

 Студиската програма по МБА Менаџмент е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на студентите  на втор циклус на студии кои почнале или сакаат да започнат да изградат кариера во областа на менаџментот. Студентите по завршување на студиите од втор циклус ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе дисциплини: менаџмент, стратегиски менаџмент, финансиски менаџмент, организациско однесување, маркетинг-менаџмент, менаџмент информациони системи, менаџмент на мал бизнис, стратегиски менаџмент на човечки ресурси, меѓународен менаџмент, одржливо претприемништво, менаџмент на промени, корпоративно управување, теорија на организација, оперативен менаџмент, менаџмент во осигурување и бизнис аналитика.

 

 Предметните програми ги подготвуваат студентите на оваа студиска програма за поуспешно и поефикасно приспособување на динамичната бизнис клима и за предизвиците и можностите што ги нуди бизнисот во 21 век. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија, институции и организации.

 

 Целината од знаење која ја нуди студиската програма по МБА Менаџмент ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:  

  • Главни извршни и оперативни директори
  • Неизвршни директори во корпоративни одбори
  • Секторски и регионални директори
  • Извршни директори на деловни функции
  • Експатријати во странски филијали
  • Директори и раководители во државни институции и граѓански здруженија
  • Менаџери на пониски нивоа на менаџмент
  • Менаџери за усогласување со квалитет
  • Проектни менаџери
  • Стратегиски и бизнис аналитичари и планери
  • Претприемачи и сопственици на мали бизнис
  • Стручни кадар, советници и соработници на неменаџерски позиции

 

 По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во различни менаџмент и деловни функции од работењето како во бизнис секторот, така и во јавниот и граѓанскиот сектор.

Код на предметотНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
MGT 510Менаџментпрв24166
MGT 511Стратегиски менаџментпрв24166
MGT 513Финансиски менаџментвтор24166
MGT 518Организациско однесувањевтор24166
Изборен предмет прв24166
Изборен предметпрв24166
Изборен предметвтор24166

Линк до МБА Менаџмент – студиска програма 2017/2018

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.